Често Поставувани Прашања
- Дали можам да испраќам кесички од различни амбалажи?
- Да, можете слободно да испраќате 5 различни амбалажи, од било која грамажа и било кој вкус од Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс и Стоби Стикс во едно плико.
- Колку пликови може да испратам?
- Можете да испратите неограничен број на пликови кои ќе содржат 5 кесички од Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс или Стоби Стикс производите.
- Дали испратените пликови од првото извлекување учествуваат во извлекувањето за главната награда?
- Сите испратени, а недобитни пликови за првото извлекување учествуваат и во второто и во третото извлекување. Сите недобитни пликови од второто извлекување учествуваат и во третото извлекување.
- Каде можам да ги оставам пликовите со собраните кесички?
- Пликовите можете да ги испратите на ул. „Леце Котески“ бр.23 7500, Прилеп со назнака „СТОБИРАНКА“ или да ги оставите на обележаните места во следниве маркети: Листа со маркети
- Дали во наградната игра учествуваат Стоби Флипс со вкус на пица и Стоби Флипс со вкус на сирење?
- Да, во наградната игра учествуваат и овие 2 вкуса.
- Испратив плико во црвена боја, дали е важечко?
- Да, може да се испрати плико во било која боја и било која големина.
- Имам 12 години, дали можам да учествувам?
- Во наградната игра може да учествуваат сите консументи на Стоби Флипс, Чоко Стоби Флипс и Стоби Стикс без разлика на годините.
- Дали треба сите 5 кесички да бидат исти?
- Воопшто не е важно дали сите кесички ќе бидат исти или различни.