Врз основа на Законот за игрите на среќа и забавните игри, Прехранбена индустрија  ВИТАМИНКА АД Прилеп со седиште на ул. ЛЕЦЕ КОТЕСКИ бр. 23 Прилеп, со ЕДБ MK4021991116887 и ЕМБС 4015215 на ден 24.08.2016 година ги донесе следните : 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА  

Член 1

Организатор на наградната игра со име  СТОБИРАНКА е Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп, со седиште на ул. ЛЕЦЕ КОТЕСКИ бр. 23 Прилеп, со ЕДБ MK4021991116887 и ЕМБС 4015215.

Член 2

Времетраењето на наградната игра е 20.09.2016 (почеток на наградната игра) до 25.12.2016 (крај на наградната игра).

Местото на одржување на наградната игра е целата територија на Република Македонија.

Член 3

Право на учество во наградната игра имаат сите консументи на производите  СТОБИ ФЛИПС, ЧОКО СТОБИ ФЛИПС, СТОБИ СТИКС  на ВИТАМИНКА АД Прилеп (организатор на наградната игра) во сите вкусови и грамажи, освен вработените во Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп, како и членовите на нивните потесни семејства.

Член 4

Наградната игра, Организаторот Прехранбена индустрија  ВИТАМИНКА АД Прилеп ја прави со цел да ги награди верните потрошувачи на неговите производи СТОБИ ФЛИПС, ЧОКО СТОБИ ФЛИПС, СТОБИ СТИКС и рекламирање на неговите производи СТОБИ ФЛИПС, ЧОКО СТОБИ ФЛИПС, СТОБИ СТИКС .

Член 5

Начин за учество во наградната игра:

За да се учествува во извлекувањето на наградите потребно е да се соберат 5 (пет) празни ќесички од било кои од производите СТОБИ ФЛИПС, ЧОКО СТОБИ ФЛИПС, СТОБИ СТИКС на ВИТАМИНКА АД Прилеп (организатор на наградната игра) од било кои  вкусови и грамажи и заедно со податоците на испраќачот име, презиме, адреса и телефонски број да се испратат спакувани во бел плик на адреса: ул. ЛЕЦЕ КОТЕСКИ бр. 23 7500 Прилеп или да се достават до видливо обележани кутии кои ќе бидат поставени во продажни места на територијата на РМ.

Секое лице кое ги исполнува условите за да учествува во наградната игра, може да учествува во истата неограничен број пати.

Во наградната игра учествуваат сите пликови пристигнати на адреса на организаторот или доставени во кутиите кои ќе бидат видливо поставени во одреден број на продажни места во РМ. Наградната игра ќе има три извлекувања. Првото извлекување ќе биде на 23.10.2016г. и на тоа извлекување ќе учестуваат сите оние кои пратиле пликови најдоцна до 19.10.2016г. до 24:00 часот. Второто извлекување ќе биде на 27.11.2016г. и на тоа извлекување ќе учестуваат сите оние кој пратиле пликови најдоцна до 24.11.2016г. до 24:00 часот. Третото извлекување ќе биде на 25.12.2016г. и на тоа извлекување ќе учестуваат сите оние кој пратиле пликови најдоцна до 21.12.2016г. до 24:00 часот. Во второто извлекување ќе учествуваат сите недобитни пликови од првото извлекување и новопристигнатите, а во третото извлекување ќе учествуваат сите недобитни пликови од првото и второто извлекување како и новопристигнатите пликови до крајниот датум.

Член 6

Извлекување на награди

Во извлекувањето на наградите учествуваат сите пликови кои се комплетни и содржат пет празни ќесечки и податоци за учесникот пристигнати на адреса на Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп, ул. ЛЕЦЕ КОТЕСКИ бр. 23 7500 Прилеп или доставени до видливо обележани кутии кои ќе бидат поставени во продажни места на територијата на РМ.

Во секое извлекување ќе бидат доделни следниве награди:

Во Првото извлекување ќе бидат извлечени награди и тоа:

  1. Еден Автомобил Тојота Јарис
  2. Eден Скутер
  3. Пет Ховер борд
  4. 10 мобилни телефони
  5. 10 Таблeти
  6. 10 Tелевизори
  7. 50 Слушалки
  8. 40 Ранци
  9. 50 Пакет производи од организаторот

Во Второто извлекување ќе бидат извлечени награди и тоа:

  1. Еден Автомобил Тојота Јарис
  2. Еден Скутер
  3. Пет Ховер борд
  4. 10 мобилни телефони
  5. 10 Таблети
  6. 10 Телевизори
  7. 50 Слушалки
  8. 40 Ранци
  9. 50 Пакет производи од организаторот

Во Третото извлекување ќе бидат извлечени награди и тоа:

  1. Еден Автомобил Тојота C-HR hybrid
  2. Еден Скутер
  3. Пет Ховер борд
  4. 10 Мобилни телефони
  5. 10 Таблети
  6. 10 Телевизори
  7. 50 Слушалки
  8. 40 Ранци
  9. 50 Пакет производи од организаторот.

Извлекувањето на  наградите ќе биде организирано преку извлекувања и тоа на следните датуми 23.10.2016г. во 12:00 часот, 27.11.2016г. во 12:00 часот, 25.12.2016г. во 12:00 часот,  во просториите на Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп, со седиште на ул. ЛЕЦЕ КОТЕСКИ бр. 23 Прилеп, Република Македонија по случаен избор со влечење на пликовите комплетирани со 5 (пет) празни ќесички од соодветните производи и податоци на испраќачот.

Член 7

Невалидно учество во наградната игра ќе има доколку биде извлечен плик кој нема да го содржи потребниот број на празни ќесички од соодветните производи или нема ќесички од соодветните производи или не може да се утврди идентитетот на испраќачот. Истото ќе биде третирано како нерегуларно.

Член 8

Добитниците на наградите за кои ќе биде организирано извлекување, ќе бидат јавно објавени (во рок од 24 часа по направениот избор ) на WEB страницата на Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп www.vitaminka.com.mk и на www.stobiranka.mk. Добитниците ќе бидат контактирани и известени за наградите и телефонски од организаторот на наградната игра, на телефонските броеви кои ги внесле во пликовите или на нивната адреса.

Член 9

Извлекувањето на наградите ќе го контролира жири комисија составена од 5 (пет) члена:

1 претставник на Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп, 1 претставник на Агенција за Маркетинг Дивисион и тројца претставници кои ќе бидат избрани по случаен избор од организаторот на наградната игра.

Член 10

Подигнување на наградите

Подигнувањето на наградите ќе се врши во рок не подолг од 60 дена од денот на објавувањето на добитниците. По истекот на 60-те дена Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп нема никаква одговорност околу наградите.

Подигнувањето на наградите од страна на добитниците ќе биде од седиштето на Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп (ул. ЛЕЦЕ КОТЕСКИ бр. 23 Прилеп). Добитникот на наградата е должен да се легитимира преку приложување документ за идентификација, а за малолетните добитници ќе треба да биде доствен извод од матична книга на родени, а наградата ќе му биде доделена во присуство на родител или старател кој исто така ќе треба да достави документ за идентификација.

Доделувањето на наградите ќе биде јавно.

Член 11

Незадоволниот учесник има право на приговор во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на добитниците, а Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на поднесување на приговорот.

Член 12

Правилата на наградна игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, по добивањето на согласност од Министерството за финансии, ќе бидат објавени јавно на официјалната веб страна на Организаторот на наградната игра, www.vitaminka.com.mk и www.stobiranka.mk, пред почетокот на наградната игра. За начинот на учеството во наградната игра ќе се емитува и телевизиски спот, а потенцијалните учесници ќе бидат запознаени и преку социјалните мрежи.

 

Член 13

Наградите кои ќе бидат доделени во наградната игра во организација на Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп се:

Фонд на награди
  ПРЕДМЕТ ОПИС КОЛИЧИНА
1  Автомобил Toyota C-HR hybrid 1
2 Автомобил Toyota Yaris 2
3 Скутер Aprilia SR50 3
4 Ховерборд Умбрела 15
5 Мобилни телефони Smartphone Lenovo K5 plus grey 30
6 Таблет Lenovo Yoga Tab 3 30
7 Телевизор LG 43″ 30
8 Слушалки SONY 150
9 Ранец Адидас 120
10 Производи од организаторот Стоби производи на организаторот 150
Вкупна цена со ДДВ: 5.148.661,00 денари

 


Член 14
 

Со пријавувањето и испраќањето на пликовите  за наградната игра, учесникот во наградната игра кој добил награда изречно се согласува дека организаторот, до отповикување од страна на учесникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за изведување на наградната игра и известување за наградната игра. Организаторот се обврзува дека ќе ракува со споменатите податоци во согласност со позитивните прописи со кои е уредена заштитата на личните податоци. Обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг ќе се извршува во целост во согласност со Законот за заштита на личните податоци, а секој учесник во наградната игра има право во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Организаторот се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за законски цели при изведување на наградната игра.

Организаторот се обврзува дека ќе ги обработува, чува и уништи податоците во согласност со законодавството со кое е уредена заштитата на личните податоци.

Член 15

Сите трошоци за наградна игра ги сноси Прехранбена индустрија ВИТАМИНКА АД Прилеп од својот маркетинг буџет. 

STOBIRANKA